Жозе Мурињо ќе се обиде да го донесе во Рома Немања Матиќ. Србинот, пред неколку дена објави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Манчестер јунјтед и покрај тоа што има договор и за наредната сезона.
Не е тајна дека Матиќ е еден од омилените фудбалери на Мурињо. Во минатото тој го донесе од Бенфика во Челси, во 2014 година а потоа од Челси во Манчестер јунајтед, во 2017 година. Според медиумите, Муроњо, веќе разговарал со Матиќ околу неговиот трансфер во Рома.
Матиќ се поврзува со и други италијански клубови, Милан и Јувентус, но нема сомнеж дека Рома е најреалната опција, доколку ја избере Серија А за продолжување на кариерата.
Српскиот фудбалер има 33 години, а оваа сезона за Јунајтед одигра 19 натпревари, од кои една третина ја започна во стартниот состав. Тој забележа две асистенции.