Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, сака да го врати Белгиецот Маруан Фелаини во Премиер лигат, откако е подготвен да продолжи соработката со човекот со кого имаше две сезони заедно во Премиер лигата.
Фелаини беше постојан во тимот на Мурињо на „Олд Трафорд“, пред по низа повреди, да замине во Шандонг Луненг во Кинеската Суперлига. Тој има договор со кинескиот клуб до крајот на декември, но белгиските медиуми тврдат дека е можно предвремено прекинување на договорот.
33-годишниот Фелаини пристигна на „Олд Трафорд“ во 2013 година, како засилување на тогашниот менаџер Дејвид Мојс, откако помина пет сезони во Евертон заедно со Мојс, но си замина во декември 2019 година откако одигра само 31 минута во првите девет меча под Оле Гунар Солскјер. Единствено што може да го спречи овој трансфер е можниот отказ за Мурињо на крајот на сезоната.