Жозе Мурињо никогаш не ги „штедел“ своите играчи, докажувајќи го тоа уште еднаш по изјавата дека се срамел од фудбалерите на Рома по слабото прво полувреме при 1:1 ремито со Јувентус.
Рома губеа рано со 1:0 од Јувентус во дербито и не реагираа пред полувремето, и Мурињо искрено признава дека му било срам што им е тренер.
„На полувреме им кажав дека се срамам од нив. Не беше проблем во тактиката, туку во нивниот однос. Не можеме да дојдеме тука и да играме вака. Му кажав на Салваторе Фоти на клупат дека имаме среќа што е 1:0. Бидејќи да губиш со 1:0 по таков фудбал значи дека имаш многу, многу среќа. Не направивме апсолутно ништо. Во второто полувреме беше поинаку, иако немав многу опции од клупата со повредените Ѕаниоло и Вајналдум“, изјави Мурињо.