Top Sport

Рангник го „убедил“ Тухел дека не му е потребен Роналдо во Челси?

Поранешниот преоден менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, му советувал на својот германски сонародник, менаџерот на Челси, Томас Тухел да не потпишува договор со Кристијано Роналдо, иако новиот газда на „сините“, Тод Бели бил подготвен за ваков трансфер, тврди „Тајмс“.

37-годишниот Роналдо им соопшти на Манчестер јунајтед дека сака да си замине по само една сезона за да игра во Лигата на шампиони, а Челси беа едни о фаворитите за неговиот потпис, пред да одлучат дека нема да „тргнат“ по него по состанокот на Тухел и Бели. Американскиот газда сакал тимот да го гради нападот околу португалската суперѕвезда, но Тухел по совет на својот близок пријател Рангник, решил дека таков трансфер нема да биде добар за клубот.

Роналдо има само еден старт досега оваа сезона, и беше на клупата вчера при 1:0 победата кај Саутемптон, но менаџерот на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг инсистира дека ја планира сезоната со Португалецот во составот.

Scroll to Top