Top Sport

Мурињо се врати на „Меаца“, ама Интер ја декласира неговата Рома

Италијанскиот првак Интер ја совлада Рома со 3:1 и направи уште еден чекор напред кон одбрана на „скудетото“. Жозе Мурињо се врати на „Џузепе Меаца“, но Интер немаше милост за неговиот сегашен тим Рома.

Дензел Дамфрис во 30.минута донесе предност, а Марсело Брозовиќ десет минути подоцна го удвои водството.

Во вториот дел и Лаутаро Мартинез се запиша меѓу стрелците, а единствениот гол за Рома го постигна Хенрик Мхитарјан во 85.минута.

 

Scroll to Top