Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо изјави дека Пауло Дибала ќе биде еден од најдобрите играчи на репрезентацијата на Аргентина на претстојното Светско првенство.
Дибала во летниот преоден рок пристигна во Рома од Јувентус. Тој пред два дена постигна два гола за римскиот клуб во победата од 3:0 против Монца.
„Мислам дека ова е најава за тоа што ќе биде на Светското првенство во Катар. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони треба да ми испрати неколку шишиња вино, бидејќи ќе има фантастичен фудбалер на располагање“, додаде Мурињо.
Италијанските медиуми потсетуваат дека Дибала, со добри настапи во дресот на Рома, сака да се избори за место во стартниот состав на селекцијата на Аргентина на Мундијалот.
За „гаучосите“ има одиграно 34 натпревари, три пати бил стрелец.
СП ќе се одржи од 20. ноември до 18. декември, а Аргентина ќе биде во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.