Top Sport

Мурињо, сепак, добил отказ поради резултатите, а не Суперлигата

Иако повеќе англиски и меѓународни извори тврдеа дека Жозе Мурињо добил отказ од Тотенхем поради неговото спротиставување на проектот за Европската Суперлига, сите извори од клубот го демантираат тоа и тврдат дека слабите резултати се главната причина, а не одбивањето да оди на тренинг.

Новинарот Фабрицио Романо, „гуруто на трансферите“ и човек кој секогаш има точни информации од големите тимови јасно го покажа тоа.

„Отказот за Жозе Мурињо не е поврзан со Суперлигата. Тој не одбил да излезе на тренинг. Отказот е поради резултатите и ништо друго“, вели Романо.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Самите Тотенхем во своето соопштение напишаа малку.

„Жозе и тренерскиот тим беа со нас во моменти кога имавме многу предизвици. Жозе е вистински професионалец. На лично ниво уживав во заедничката работа и жалам што работите не завршија како што посакувавме. Тој секогаш ќе биде добредојден тука“, стои во изјавата на претседателот Даниел Леви.

Тренерот на академијата, 29-годишниот Рајан Мејсон ќе го води привремено тимот, вклучувајќи го и во финалето на Лига купот против Манчестер сити во недела. Мурињо ќе добие отштета од околу 20 милиони фунти и првпат си заминува од еден клуб без да освои трофеј.

„Специјалниот“ бил против Суперлигата – Даниел Леви му врачи отказ

Scroll to Top