Top Sport

Мурињо сигурен дека Њукасл нема да испаднат оваа сезона

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо вели дека „нема шанси“ нивниот неделен противник, Њукасл јунајтед да испадне од Премиер лигата оваа сезона.

Португалецот очекува незгодно попладне на „Сент Џејмс парк“, каде што уште нема остварено победа во ПЛ.

„Мислам дека тоа е единствениот стадион каде што не сум победил. Да, и Хадерсфилд, но таму само еднаш игравме. Мислам дека е тешко во Њукасл, и никогаш нема лесен меч против нив. Ми се допаѓа тоа гостување, чувството дека одиш во домот на покојниот Сер Боби Робсон, пред прекрасна атмосфера. Секогаш сум ги сакал ’џордис’, но не сум победил таму“, вели Мурињо користејќи го прекарот за жителите на градот на северот на Англија.

Пред мечот, Јунајтед се втори на табелата, додека Њукасл се на 16. место со еден поен над зоната за испаѓање во тешка сезона под водство на Рафа Бенитез.

„Имаат добар тим, и мислам дека имаа добар преоден рок, ги добија Кенеди и Слимани, двајца играчи кои се навистина добри. Бенитез знае како да стигнува до поени, така што сигурно нема да испаднат во Чемпионшип“, додава Мурињо.

Scroll to Top