Иако осмина-финалната фаза во Лигата на шампионите се уште не е завршена, Жозе Мурињовеќе за херои ги прогласи Дуашн Тадиќ, Оле Гумар Солскјер и Ерик тен Хаг. За телевизијата „РТ“, рекол дека му испратил честитки на Солскјер, а најмногу говорел за Манчестер сити. Португалецот има нова теорија на заговор.
Поранешниот тренер на Порто, Челси, Интер, Реал и Манчестер Јунајтед е познат како некој што ги зака теориите на заговор. Тој е убеден дека ждрепката во Лигата на шампионите им е наклонета на Манчестер сити.
„Неверојатно е колкава среќа имаат во ждрепката. Прво Шалке, а сега сум сигурен дека ќе ги добијат Ајакс или Порто“, рекол Мурињо.
Португалскиот тренер ја коментирал и сензационалната победа на Ајакс во Мадрид, пртив Реал (4:1). Тој смета дека натпреварот би имал поинаков тек доколку Варан во четвртата минута постигнел гол. Топката по неговиот удар заврши во гредата.
„Потоа мечот доби поинаков тек. Толку млад тим, неоптоварен со резултатот ја искористи шансата. Ајакс ја реализира предноста, односно го искористи се она што се случува во Реал и успеа да им забие нож во старата рана“, заклучил Мурињо.