Top Sport

Мурињо со порака до играчите: Ако не можете против Ливерпул, останете дома

Жозе Мурињо и Тотенхем ќе имаат вистински предизвик во сабота, да му го нанесат првиот пораз на лидерот во Премиер лигата, Ливерпул, но Португалецот имаше јасна порака до играчите – да останат дома ако не веруваат во победа.

Тотенхем ќе бидат без својот прв стрелец Хери Кејн, кој е во аут до април поради операција на бутниот мускул, и го пречекуваат Ливерпул, тим кој има 19 победи во последните 20 меча и 13 поени предност на врвот на табелата.

„Тие се најдобриот тим во нашето натпреварување, да го кажам само тоа. Тоа е голем предизвик за нас. Повеќе би сакал да играм со сите достапни фудбалери, да имам повеќе опции, но мораме да се фокусираме и да продолжиме со мотивацијата против најдобрите тимови. Ако немате доверба во победа, останете дома. Нема да биде лесно, но мораме да го направиме тоа“, вели Мурињо.

Scroll to Top