Top Sport

Мурињо: Судиите и фудбалските богови беа со Сити, Гвардиола: И лани му беа виновни судиите

Судиите му се виновни на менаџерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо за поразот во градското дерби од Манчестер Сити (1:2). По дербито Мурињо рекол дека неговиот тим примил два неочекувани гола и дека борбата за титулата „најверојатно е веќе завршена“.

„Жал ми е за судијата Мајкл Оливер, бидејќи судеше добро, но направи една голема грешка. Одлуката да не досиди пенал по фаулот врз Андер Ерера влијаеше на резултатот. Ќе беше 2:2 на 20 минути до крајот на мечот“, ја пренесе изјавата на Мурињо Би би си.

„И минатата сезона имаше пенал од Клаудио Браво врз Вејн Руни, истото се случи и на овој натпревар“.

Португалецот признава дека Ситиво целост го контролирал натпреварот, но дека неговите играчи добро одговориле на предизвикот, но не очекувал дека неговиот тим ќе прими два гола по сопствените грешки.

„Привмивме два глупави гола. Не очекувавме да примиме такви голови. Сити има свои квалитети и тоа го покажа“.

По дербито Сити е на челната позиција со 11 бода повеќе од Јунајтед.

„Борбата за титулата е најверојатно готова. Сити е добар тим, а и среќата е на нивна страна, дури и „фудбалските богови“ се со нив“, дополнил Мурињо.

Од друга страна менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, потенцирал дека неговиот тим дошол на „Олд Трафорд“ да игра фудбал, а дека тоа е така покажува и статистиката.

„Минатата сезона беше исто, победивме, а виновни им беа судиите. Така е и денес. Вчера зборуваше за судиите. Ние сме искрена екипа. Имавме 75 отсто од поседот на топката, што значи дека дојдовме тука да играме фудбал“, рекол Гвардилоа.

Менаџерот на Сити рекол дека и покја предноста од 11 поени првенството не може да биде решено во декември.

„Оваа победа многу ни значи, особено поради начинот на кој игравме. Ќе влијае врз самодовербата. За три дена му гостуваме на Свонси, каде може да биде проблематично. Декември е, не е возможно првенството да е завршено, но се наоѓаме во добра ситуација“, дополнил Гвардиола.

Scroll to Top