Top Sport

Мурињо: Тешко дека ќе се вратам во Италија

Жозе Мурињо го смета Интер за „негов дом“, но вели дека е тешко да се верува дека неговата менаџерска кариера повторно ќе го донесе во Италија.

Мурињо ги предводеше Интер до историската тројна титула во 2010 година и останува горд на својот успех со „нераѕурите“.

„Интер е мојот дом, а Масимо Морати останува мој претседател и пријател. Како да ми е семејство и го чувствувам тоа семејство на посебен начин. Го дадов максимумот за Интер, го носев дресот и живеев со него. Креирам емпатија за фановите и антипатија за противниците, но поважно е да имаш врска со својот тим. Имаше клучни мечеви во борбата за скудетото, Копа Италија и Лигата на шампионите и тоа беше како совршен филм за мене“, вели Мурињо.

Тој потоа замина во Реал Мадрид во 2010 година, по што се врати во Челси, а работеше и со Манчестер јунајтед.

„Не работам веќе седум-осум месеци и ќе видиме што ќе се случи, но не верувам дека ќе се вратам во Италија. Тоа е некое чувство, дека мојата иднина нема да биде таму“, вели 56-годишниот Португалец.

Scroll to Top