Top Sport

Рибери: Знам дека им е тешко на навивачите на Милан (видео)

Франк Рибери се шегуваше за својата возраст откако постигна гол при 3:1 победата на Фиорентина над Милан велејќи дека се чувствува стар, но на теренот е млад. 36-годишниот Рибери го постигна својот втор гол за Виола по трансферот ова лето, и доби овации од навивачите на Милан, кои секако се очајни по слабата форма на „росонерите“.

„Секогаш е посебно да се игра на ’Сан Сиро’. Се работи за огромна спортска арена со толку многу фанови. Тешко им е на навивачите на Милан, но ние имавме добар меч и тоа беше важно за нас. Да, јас сум стар, но на теренот сум млад. Фудбалот е мојот живот, го сакам. Бев ’гладен’ кога дојдов во Фиорентина и ме возбудува тоа што ни оди добро. Дојдов да помогнам на Фиорентина, на фудбалерите и на фановите. Морам да работам напорно да играм вака секое коло“, изјави Рибери.

36-годишниот Французин доби улога да биде лидер и водач на младите фудбалери, вклучувајќи го Федерико Киеза, кој не успеа да постигне гол од пенал против Милан.

„Федерико е добар фудбалер, секогаш зборувам со него и ме слуша. Важно е да се развива во вистински фудбалер“, додава Рибери.

Scroll to Top