Жозе Мурињо ги предупреди своите гласни критичари дека планира уште долго време да бидем фудбалски менаџер.
„Специјалниот“ се обидува да освои уште еден трофеј во сабота, кога Манчестер јунајтед ќе се судри со неговиот поранешен клуб Челси во финалето на ФА купот. Мурињо првпат стана главен тренер во 2000 година, и оттогаш ги водеше Порто, Интер, Челси и Реал Мадрид во одличната кариера.
Сега, 55-годишниот Португалец вели дека уште има желба за успех во врвниот фудбал.
„Тоа е во мојата природа. Мислам дека да не бев успешен менаџер ќе бев успешен на друго поле. Успешен наставник по физичко, успешен… Не знам. Но, секогаш имам желба за нешто повеќе. Бојата на мојата коса малку лаже. Луѓето мислат дека сум постар отколку што сум. Дојдов во фудбалот многу рано, и сега мислат дека имам 66 години. Јас имам само 55 години. Дури и тие кои ме мразат, ќе мораат да ме трпат уште многу години“, изјави Мурињо во интервју за „Би-би-си“.