Top Sport

Мурињо удри по Земан: Јас освоив 25 трофеи, тој двапати беше шампион во Серија Б

Пред утрешното „Дерби дела капитале“ помеѓу Рома и Лацио, поранешниот тренер на двата клуба, Зденек Земан очекува победник да биде Лацио на Маурицио Сари, одговор кој очигледно го испровоцира „специјалниот“ тренер на Рома, Жозе Мурињо.

Мурињо на прес-конференцијата беше запрашан дали има коментар на прогнозата на Земан, кој во моментов е тренер на Фоџа.

„Дали очекувате тренер кој освоил 25 трофеи да одговори некому кој има две победи во Серија Б? Да ме прашате за Џовани Трапатони или Фабио Капело, со задоволство ќе одговорам, но Земан? Ве молам? Не можам…“, изјави во свој стил Мурињо.

Scroll to Top