Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо во последното интервју за магазинот „Џи кју“ вели дека не е блиску до позицијата на португалски селектор.
Мурињо го продолжи договорот со Јунајтед, а лани најави дека планира 15 години да биде чело на премиерлигашот, откако посочи дека сака да биде португалски селектор кога ќе се повлече од клупскиот фудбал.
„Не сум блиску до таква одлука. Мислам дека мојата работа е да бидам тренер на еден клуб, бидејќи потребни ми се мечеви секоја недела и тренинг секој ден. Сега сум дури поодморен отколку пред неколку години“, вели Мурињо.
Is there a manager that works more on his personal brand than Jose Mourinho? Posing for GQ here. #MUFC pic.twitter.com/9LYcc6ljaq
— ManU Fan Club (@ManUFanClub_) June 3, 2018
Тој очекува Португалија под селекторот Фернандо Сантош да имаат добар настап во Русија.
„Бевме во полуфиналето во 2006, а во 2016 го освоивме Европското првенство, така што сигурно сме меѓу најдобрите тимови на светот. Во Португалија секогаш има фудбалски талент и затоа мислам дека тимот сега е посилен од пред две години. Португалија може да направи сѐ. Дали можат да се шампиони? Не се осмелувам да кажам такво нешто, но во добра вечер можеме да победиме било кого“, додава Мурињо.