Top Sport

Мурињо: ВАР ја „убива“ Премиер лигата

Жозе Мурињо не може да се помири со поразот од Челси, во градското дерби. Тотенхем, во неделата, беа поразени на домашен терен од Челси (0:2). Два детали го обележаа дербито, пеналот што го направи голманот Газанига врз Алонсо на истекот на времето во првиот дел и црвениот картон што го доби Сон во 64 минута.

Мурињо уште не може да се помири со одлуката на судијата Ентони Тејлор, кој по сугестијата на помошниците од ВАР-собата го исклучи Кореецот.

„Ситуацијата со Сон, мислам дека господинот Тирни направи грешка. Погрешија со одлуката. Ова се случи во Англија, во Премиер лигата, најдоброто натпреварување во светот со сите карактеристики што ги имавме. Доколку нив ги смениме тогаш ќе ја „убиеме“ најдобрата лига во светот“, рекол Мурињо и дополнил.

„Пол Тирни одлучил „да“, а Ентони Тејлор беше на пет метри од местото и не реагираше со црвен картон. Прашувам, кој е судијата? Тоа не беше господинот Тејлор, туку господинот Тирни. ВАР требаше да биде поддршка за фудбалот, да му остане верен на спектаклот, а го видите што направија. Со пеналот и црвениот за Сон го „убија“ натпреварот“.

Тотенхем пред „Боксинг деј“ се наоѓаат на седмата позиција со шест бода помалку од четвртопласираниотм Челси.

Scroll to Top