Жозе Мурињо по враќањето во италијанскиот фудбал со Рома е во постојана војна со фудбалските судии во Серија А, што го докажа уште еднаш вчера при 2:2 ремито со Верона, во кое доби црвен картон и го провоцираше судијата Лука Паирето, како провокација за улогата на неговиот татко во неславниот италијански фудбалски скандал „Калчополи“.
Рома се врати од два гола негатива за 2:2 ремито, но Мурињо незадоволен од дел од одлуките на Паирето, прво му гестикулираше со телефон во раката, а потоа шутна една топка, добивајќи црвен картон. Тој отиде да се поздрави со противничкиот тренер Игор Тудор, па си замина од стадионот.
Таткото на Паирето, Пјерлуиџи Паирето беше потпретедател на комитетот на судии на УЕФА за време на скандалот со местење мечеви „Калчополи“, кој го прати Јувентус во втората лига, и доби 42-месечна суспензија од фудбалот и 16-месечна казна затвор, која подоцна беше укината. Случајот се откри откако илјадници часови од телефонски разговори беа фатени од италијанската полиција.
Мурињо потоа се јави со интересен пост на Инстаграм: „Прва фотографија – посед на топка, втора фотографија – директен фудбал, трета фотографија – ги сакам овие луѓе и за нив се борам и четврта фотографија – подобро да не зборувам и да одам дома на вечера“. Секако, четврта фотографија немаше.
Jose Mourinho
For the love of Roma. pic.twitter.com/FzUarq83zT
— Lupo TV (@LupoTVofficial) February 20, 2022
The man is box office ?
There will never be another like Jose Mourinho ? pic.twitter.com/R0iNXyNylx
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 19, 2022
View this post on Instagram