Top Sport

Мурињо: За Мхитарјан нема место ниту на клупата

Жозе Мурињо признава дека за ерменскиот играч од средниот ред Хенрик Мхитарјан има малку место во неговиот состав, откако тој не беше ниту на клупата за мечот против Бурнемаут во средата.

Јунајтед се вратија на победите со 1:0 победа на „Олд Трафорд“ по поразот во дербито со Манчестер сити, а Мхитарјан не беше во составот во двата меча, исто како во дуелите со Њукасл, Базел, Ватфорд, Арсенал и ЦСКА Москва последните 30 дена.

„Можам да имам само шест играчи на клупата и сакам да имам баланс. Имаше двајца дефанзивци и Дејли Блинд, кој може да игра на различни позиции. Ешли Јанг беше да ги покрие крилата, Андер Ерера како играч од средниот ред, Златан како напаѓач и Маркус Рашфорд како напаѓач и второ крило. На теренот беа Марсијал, Мата и Лингард. Да биде и Мхи тука значеше дека еден од нив треба да не биде во составот, а во моментов мислам дека другите заслужуваат повеќе од него“, вели Мурињо.

Ова значи дека е тешко веројатно дека Мхитарјан ќе биде во составот за дуелот со Вест Бром во сабота.

Кутриот Хенрик Мхитарјан

Scroll to Top