Top Sport

Нова биатлонска победа за Кузмина

Анастасија Кузмина триумфираше во Анеси-Ле Гран за своја прва спринтерска победа по Олимпијадата во Сочи во 2014 година.

Русинката со словачки пасош, која е двократен олимписки шампион на 7.5 километри, немаше победа во ниту една дисциплина од март 2014 година, пред во Хохфилцен во текот на викендот да победи на 10 километри пурсуит.

Таа надополни уште една победа во францускиот ски-центар, победувајќи со време од 20:59.60 без ниту една утка на стрелиштето, за триумф пред Германката Лаура Далмаер и Украинката Вита Семеренко.

По три трки, Кузмина води во генерален пласман во спринт со 140 поени, Германката Денис Херман, која беше четврта во трката, е втора со 113, а Семеренко заостанува уште два поени.

Scroll to Top