Жозе Мурињо упати пофални зборови на сметка на младиот голман на Бефика Миле Свилар, иако неговиот кикс му донесе победа на Манчестер Јунајтед во Лисабон.
Свилар синоќа влезе во историјата на Лигата на шампионите како најмлад голман кој бранел во елитното натпреварување.
Тинејџерот имаше неколку ослични одбрани, но по неговиот кис Рашфорд го постигна единствениот гол на натпреварот. Една нафрлена топка од страна Рашфорд, Свилрар наместо да ја боксува, се обиде да ја фати, а потоа со неа влезе во голот.
И покрај киксот Мурињо смета дека ова 18-годишно момче ќе направи голема кариера.
„Ова момче е ѕвер. Ќе стане голем голман“, рекол Мурињо по натпреварот.
Тренерот на Бенфика, Руи Виторија, изјавил дека и на наредниот меч во Лигата на шампионите ќе брани Свилар.
Инаку ова момче е син на поранешниот голман на Војводина и Антверпен, Ратко, а покрај за Бенфика брани и за младата репрезентација на Белгија.