Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, жестоко ги критикувал своите играчи Лук Шо, Ентони Марсијал, Маркус Рашфорд и Џеси Лингард.
Како што пренесуваат британските медуми, Португалецот, бил незадоволен од како тие се однесуваат.
„Порано во фудбалот имаше повеќе мажи, момците беа подготвени за живот, беа помалку заштитени. Сега се разгалени деца. Денешните ‘клинци’ живеат на поинаков начин. Играчите добиваат премногу внимание и тогаш тие не знаат да се однесуваат“, рекол Мурињо и дополнил.
„Лук Шо има голем потенцијал, но не знае како да се однесува. Ист е случајот со Марсијал, Лингард, Рашфорд. Млади се, имаат голем потенцијал, а на крајот на денот се се сведува на зборот што сега не би можел да го кажам, но вие тука многу го употребувате…Карактер, личност…Тоа им недостига“.
Мурињо интервјуто го дал за шпанските медиуми, поради што постои можност Британците да ја извлекле од контекст неговата изјава.