Жозе Мурињо, првпат во својата кариера како тренер, има 10 порази во една сезона, откако неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед избега со 3:1 победа кај Тотенхем, во меч одбележан со ВАР-контроверзи по поништениот гол на Единсон Кавани.
Сепак, Мурињо не би бил Мурињо, да не најде нешто што му пречи.
„Мислам дека немавме среќа бидејќи Погба требаше да добие црвен картон за ударот со лакт на Серж Орие. Ако зборуваме за ВАР, треба да одиме понатаму од поништениот гол. Не знам ништо повеќе. Во фудбалот, веќе ништо не се знае и не ги разбирам одлуките на ВАР. Понекогаш добиваш добри одлуки, понекогаш не, и многу е тешко да се анализира. Не знам како да коментирам. Не славите голови бидејќи сте исплашени дека ќе ви ги поништат. Кога ќе ги видам тие офсајд-линии, не сфаќаш дали е офсајд или не е. Но, не се чувствувам удобно да зборувам за тоа по пораз“, вели Мурињо.
Mourinho says ”Pogba should get a red card for elbow on Aurier”. I agree pic.twitter.com/NlZHIw8Edr
— Eric Njiru (@EricNjiiru) April 11, 2021
Кавани одмазднички за „ѓаволите“ да слават кај Тотенхем и Мурињо