Top Sport

Мурињо: Зидан е вистинскиот човек за Реал

Жозе Мурињо рекол дека Реал направиле добра работа кога успеале да го вратата во клубот Зинедин Зидан.

Тренерот кој во три години исто толку пати ја освои Лигата на шампионите, во Реал се врати по десет месеци откако поднесе оставка на функцијата.

„Се уште ние не можеме да зборуваме за кариерата на Зидан. Сепак за кратко време направи нешто што не му успеа на никого, освои три титули во пред во ЛШ. ега пред него е нов предизвик. Мора да изгради тим, да донесе тешки одлуки, да купи нови фудбалери и во исто време на некои да им се заблагодари. Верувам дека тој е најдобрата личност за овој клуб“, рекол Мурињо, кој до именувањето на Зидан за тренер на Реал се споменуваше како главен кандидат за тренерската позиција.

Scroll to Top