Top Sport

Европската унија ги казни „Најки“ со 12,5 милиони евра

Телото на Европската унија задолжено за сузбивање на илегалната конкуренција, во понеденикот, изрече казна компанијата „Најки“.

Една од најпознатите компании за производство на спортска опрема, според ЕУ, врешела недозволени рестрикции во продажбата на дресови и остснатиот навивачи материјал на територијата на Европа.

Во извештајот се наведува дека „Најки“ со својата пазарна политика створиле илегалнен пазар, со недозволената рестрикција на продажбата на шалови и дресови на најголемите европски клубови (Барселона, Манечстер Јунајтед, Јувентус, Интер и Рома) и одфедени репрезентации (Франција).

„Денешната одлука ќе им овозможи на трговците и купувачите во целост да ги искористат предностите на заедничкиот европски пазар“, рекла Маргарет Вестагер, претседателка на комисијата.

Казната на „Најки“ е намалена за 40 отсто бидејќи компанијата соработувала со органите на ЕУ додека траела истрагата, која е покрената во 2017 година.

„Најки“ ќе треба да платат 12,5 милиони евра.

Scroll to Top