Top Sport

Мурињо би можел да се врати во Реал Мадрид

Португалскиот тренер Жозе Мурињо, кој не гарантира дека ќе остане во Бенфика, повторно се споменува како можен кандидат за клупата на Реал Мадрид.

Во оваа фаза од својата кариера, искусниот португалски стручњак совршено разбира како функционира пазарот и сосема природно ги прифаќа гласините, особено кога неговото име се поврзува со Реал Мадрид.

Во последните денови, неговата кандидатура повторно добива на значење како потенцијално решение за клупата на „кралскиот клуб“.

Ситуацијата во тимот, кој е на пат да ја заврши сезоната без трофеј (освен ако не дојде до сензационален пресврт), го поттикна Флорентино Перез да почне да бара решенија.

Поради тоа, Мурињо се појавува како една од опциите.

Сепак, реалноста засега е многу поедноставна, не е остварен контак меѓу двете страни.

Никој од клубот не го контактирал португалскиот тренер, кој е целосно фокусиран на својата работа во Бенфика, со која синоќа славеше во големото лисабонско дерби.

Негов приоритет е да ја заврши сезоната на најдобар можен начин, а избегнува јавно да зборува за својата иднина.

„Може ли да гарантирам дека ќе бидам во Бенфика следната сезона? Тоа е прашање за кое зборував пред два месеци, пред неколку недели и пред неколку дена. Не можам да гарантирам што ќе се случи“, рече тој на прес-конференција, по победата над Спортинг (2.1).

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');