Новиот тренер на Фенербахче, славниот Жозе Мурињо ги откри своите фаворити на Европското првенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија.
Португалецот наброја четири репрезентации и верува дека „никој друг не може да го освои трофејот“.
Според него изненадување би било доколку Италија го одбрани трофејот на ЕП.
„Не сакам да ги омаловажувам претходните генерации што ги имавме, но во однос на длабочината и квалитетот на тимот, веројатно сме најдобри во историјата, Португалија сè може да го освои трофејот“, рече Мурињо и додаде.
„Се работи за верба, верба дека можат секого да победат. Не сакам да кажам дека Португалија е најдобриот тим на ЕП, но Шпанија, Франција, Англија, Германија не се подобри“.
„Најголемиот проблем за тренерот е да избере кој ќе игра бидејќи има два врвни десни бека, два врвни леви бека, двајца одлични дефанзивни играчи за врска…“.
„Ако има некакви изненадувања, ќе бидам изненаден. Франција и Германија секогаш прават добри резултати, Португалија и Англија се подобри од било кога. Овие четири репрезентации ги сметам за фаворити“, додаде новиот тренер на Фенербахче.
„Не сум сигурен за Шпанија, но фудбалот што го играат и играчите што ги имаат се со врвен квалитет. Италија или Белгија би биле изненадување“, заклучи португалскиот селектор.
Мурињо неодамна даде интересна изјава кога рече дека се надева дека ќе испаднат сите репрезентации во кои настапуваат неговите играчи, за што поскоро да му се придружат на подготовките за новата сезона.