Top Sport

Мурињо го напушти Фудбалскиот комитет на УЕФА

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо го напушти Фудбалскиот комитет на УЕФА. Португалскиот стручњак испрати мејл до легендарниот хрватски репрезентативец Звонимир Бобан, денес близок соработник на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Мурињо ја донесе одлуката откако УЕФА го суспендираше на четири натпревари поради навредите што му ги упати на судијата по финалето на Лига Европа, во кое Рома загуби од Севиља по престрелка.

„Почитуван господине Бобан, со жалење ве информирам дека во овој момент поднесувам оставка. Условите во кои цврсто верував кога се приклучив веќе не постојат и се чувствувам должен да ја донесам оваа одлука. Ве молам, мојата одлука да му ај пренесете на претседателот Чеферин“, напиша Мурињо.

Фудбалскиот комитет на УЕФА е идеја на Бобан и поранешниот судија Роберто Росети, кои сакаа да ги соберат активните и поранешните фудбалери и тренери кои ќе предложат идеи кои ќе го подобрат спортот и самата фудбалска организација.

Да потсетиме дека Мурињо вербално го нападна судијата Ентони Тејлор по финалето на Лига Европа. Португалецот беше снимен како на Тејлор меѓу другото му вели дека неговите одлуки биле „срање“.

Scroll to Top