Top Sport

Мурињо: Го прашав Вини, постигна голчиште, зошто мора да го славиш провоцирајќи?

Жозе Мурињо од трибините го гледаше фнишот на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид (0:1). Португалецот, во неколку секунди доби два жолти каротни поради бурни протести кон главниот судија.

Жозе Мурињо рече дека не разбира зошто Винисиус со провокации го славел голот. Како што рече „наместо да биде среќен поради тоа, ги предизвикува и провоцира противничките навивачи“.

Ваквите провокации не се ништо ново за Винисиус, веќе е видено и на други гостувања на Реал Мадрид.

„Кога тоа се случува на толку многу стадиони, секогаш со истиот играч, тогаш нешто не е во ред“, вели Жозе Мурињо.

Португалецот откри и што му рекол на Бразилецот по инцидентот.

„Му реков на Винисиус „постигна толку прекрасен гол, зошто го прослави на таков начин?“ Зошто не го прославиш како Ди Стефано, како Пеле, Еузебио… зошто не можеш едноставно да прославиш голот исполнет со среќа затоа што си одличен играч? Не разбирам.“

Реал победи во Лисабон со 1:0, реваншот е на 25 февруари во Мадрид.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');