Top Sport

Реџина на Пипо Инзаги пред исклучување од Серија Б

Реџина, клубот каде што тренер е поранешната ѕвезда на Милан, Филипо „Пипо“ Инзаги се пред исклучување од италијанската втора лига поради финансиски нерегуларности, со што Бреша и Пескара се надеваат дека ќе го преземат нивното место.

Клубот има проблем со долговите, и минатата сезона им беа одземени поени, но сепак, завршија безбедно на седмото место на табелата. Но, денеска Италијанската федерација потврди дека има големи проблеми со неплатениот данок и некомплетната документација, што значи дека нема да можат да се регистрираат во Сереија Б за 2023/24 и ќе бидат пратени во аматерските лиги.

За нивното место има два кандидати. Бреша загуби во плејофот од Козенца, и веќе поднесе барање за враќање во Срија Б, додека Пескара исто така го бараат тоа место. Бидејќи и Лечо, клубот кој успеа да влезе од Серија Ц во Серија Б по повеќе од 50 години, има проблеми со регистрацијата на нивниот стадион, можно е двата клуба да останат во втората лига.

Scroll to Top