Top Sport

Мурињо: Не ме интересира историјата

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, втора година по ред ќе игра европско финале со „Волчицата“. Тимот од „вечниот град“ ќе се бори за трофејот во Лига Европа, а минатата сезона Мурињо со Рома ја освои Конференциската лига.

Контроверзниот Португалец вели дека неговиот мотив е да не влезе во историјата на Рома.

Ривал на Рома во финалето на Лига Европа ќе и биде Севиља, шесткратниот победник на ова натпреварување. Во четвртокот, по пресврт и продолженија, Андалузијците беа подобри од Јувентус со 2:1.

„Не ми е гајле дали ќе бидам запишан во историските книги на Рома. За мене е важно да им помогнам на овие деца да пораснат, да научат како да постигнат одлични резултати. Исто така, важно ми е да направам навивачите на Рома да се чувствуваат добро – тие ми дадоа толку многу од првиот ден кога дојдов во клубот. Мојата радост поради пласманот во уште едно финале е неизмерна“, изјави Мурињо по натпреварот во Леверкузен кој заврши без голови.

„Мислам дека до оваа победа стигнавме со мали тактички детали – да го немавме Смолинг на клупата, можеби немаше ни да стигнеме до финалето“, изјави трофејниот Португалец.

Финалето на Лига Европа е закажано за 31 мај во Будимпешта. Победникот ќе избори пласман во Лигата на шампионите.

Scroll to Top