Top Sport

Мурињо уште нема „букирано“ лет за Париз

Жозе Мурињо вели дека не планира да потпише нов договор со Манчестер јунајтед наскоро, но дека тоа не значи дека размислува за преселба во Пари Сен-Жермен.

Португалскиот тренер минатиот викенд во интервју за француска телевизија изјави дека не планира менаџерската кариера да ја заврши на „Олд Трафорд“, а искажа и интерес во обидите на ПСЖ да го „протресат“ врвот на европскиот фудбал. Сега, во Португалија, пред дуелот на Манчестер јунајтед со Бенфика во Лигата на шампионите, Мурињо вели дека ништо не е сменето.

„Мислам дека англиските медиуми секогаш го имаат одговорот. Еден ден велат дека ќе потпишам петгодишен договор за милијарда фунти, еден ден дека заминувам во Париз. Тоа е одговорот – ништо не се случува. Не потпишувам нов договор, не одам во ПСЖ. Останувам во Манчестер, имам договор и тоа е тоа. Единствено што кажав е дека нема да ја завршам кариерата во Манчестер јунајтед. Како е можно еден тренер да биде 15 или 20 години во ист клуб. Арсен Венгер е последниот таков тренер“, изјави Мурињо, кој во 2016 потпиша тригодишен договор со Јунајтед, со опција за продолжување до 2020 година.

Scroll to Top