Top Sport

Шчесни: Во Арсенал за шест години научив многу малку

Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни вели дека при шестгодишниот престој во Арсенал не станал подобар голман.

Шчесни дојде во Арсенал во 2006 година како јуниор, а првите шест месеци во 2010 година ги помина како позајмен играч во Брентфорд, пред полека да наоѓа место во тимот на Арсен Венгер. Од 2011 до 2015 година тој беше прв голман на тимот, но потоа почна недисциплината.

Во јануари 2015 тој направи две грешки за пораз на Арсенал од Саутемптон од 2:0, а потоа беше казнет за пушење во соблекувалната со 20.000 фунти. Петр Чех во јуни 2015 потпиша за Арсенал и Шчесни беше пратен во Рома две години, пред да направи трансфер во Јувентус.

„Мислам дека во основа, тренерите во Италија знаат повеќе тактика, бидејќи таа лига така функционира. Сеедно дали се работеше за Лучано Спалети во Рома или Макс Алегри во Јувентус, подготовките за натпреварите се поинакви од англиските подготовки. Тука работиш за тимот со кој се среќаваш во следниот меч. Во Арсенал само работев на физичката подготовеност и не научив многу за техниките. Во Италија станав подобар голман благодарение на тренерите“, вели Шчесни.

Scroll to Top