Top Sport

Мурињо во јануари се жалеше на судиите и Реал, сега вели дека сите се против Реал

Атлетико Мадрид го победи Реал Мадрид (2:1) во големо градско дерби, а судијата Отиз Ариас беше во центарот на вниманието.

По натпреварот, на прес-конференцијата, Жозе Мурињо зборуваше само за судењето четири минути, покажа и фотографиите што успеа да ги испечати како доказ за црвените картони и подвлече дека сè било исто како кога бил на клупата на Реал Мадрид во првиот мандат.

Иако се сеќава, како било во првиот мадат на клупата на Реал, не се сеќава како зборуваше за судиите и Реал Мадрид, на почетокот на оваа гоидна, кога бил на чело на Бенфика.

За потсетување, Феде Валверде се извлече без црвен картон иако удри со лакт во лицето еден противник, додека сите на кои им се закануваше суспензија поради жолт картон, останаа без јавна опомена.

По тој натпревар, во Лисабон, Мурињо ги критикуваше сите.

„Судијата имаше белешка дека Чуамени, Карерас и Хаусен не смеат да добијат жолт картон бидејќи во тој случај ќе го пропуштат реваншот. Јас го водев Реал Мадрид, па знам како функционираат работите таму“, рече Мурињо.

На социјалните мрежи се рашири и познатата изјава на Тибо Куртоа по осминафиналниот реванш, во Лигата на шампионите пред две години, кога голот на Хулијан Алварез од пенал беше поништен поради наводни два допира на топката. Реал тогаш по изведувањето на пенали го елиминира Атлетико.

„Атлетико го критикува ВАР? Доста ми е овој постојан менталитет на жртва и постојаното кукање за вакви работи. Судиите не сакаат да фаворизираат ниту еден тим, ниту во Шпанија ниту во Европа. Доста е од плачње на судењто“, рече Куртоа во тоа време.

Прашање е само дали Мурињо и Куртоа се сеќаваат не своите претходни изјави и кој во конкретниот случај глуми жртва.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');