Жозе Мурињо, еден од најдобрите фудбалски тренери во светот, е познат по принципот дека во еден клуб не се задржува повеќе од три-четири сезони. Португалецот ја одработува своја втора година од договорот со Манчестер Јунајтед, а како што изјавил за францускиот „Телефут“, кариерата сигурно нема да ја заврши на „Олд Трафорд“.
„Сигурен сум дека нема да ја завршам кариерата во Манчестер Јунајтед“, а потоа најавил дека можеби во иднина ќе биде тренер на ПСЖ.
„Мојот син кој живее во Лондон беше во Париз да го гледа ПСЖ, не дојде да го гледа Манчестер Јунајтед. Зошто Париз? Бидејќи имаат нешто посебно. Имаат магија, квалитет и младост, фантастични се“, рекол менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.
Инаку, Јунајтед и ПСЖ в среда ги очекуваат предизвици во Лигата на шампионите. Двата тима гостуваат, Јунајтед во Лисабон кај Бенфика, а ПСЖ во Брисел кај Андерлехт.