Top Sport

Мурињо збеснал на играчите по поразот од Милан

Италијанските медиуми тврдат дека Жозе Мурињо имал жесток конфликт со играчите на Рома во соблекувалната по петочниот пораз од 2:1 од Милан.

Поразот ја остава „волчицата“ на само еден поен по првите три кола во Серија А по 2:2 ремито со Салернитана и поразот на гости кај Верона. Мурињо не беше на клупата на првите два меча поради суспензија, но во петокот се врати пред бучната публика на „Олимпико“.

Тој одби да зборува со новинарите по поразот, и според италијанските медиуми по ова следувала бурна расправија во соблекувлната на клубот. Изворите додаваат дека не бил само Мурињо во главна улога и дека играчите се групирале и побарале од него подобри тактички идеи за напаѓачки фудбал.

Scroll to Top