Top Sport

Муса Сисоко од Тотенхем се сели во Вотфорд

Францускиот фудбалер Муса Сисоко (32) е нов играч на премиерлигашот Вотфорд, потврдија од клубот.

Францускиот фудбалер од лондонски Тотенхем се сели во Вотфорд каде што потпиша двегодишен договор.

Сисоко во Тотенхем дојде во 2016 година од Њукасл и за „петлите“ одигра 200 натпревари во сите натпреварувања.

Паралелно со продажбата на францускиот фудбалер, Спарси го ангажираа Пап Сар(18) од француски Мец. Сенегалецот сепак ќе остане во францускиот клуб и нареднава сезона, на позајмица.

Scroll to Top