Top Sport

Муслера има сериозни фрактури, утре на операција

Уругвајскиот капитен на Галатасарај, голманот Фернандо Муслера утре ќе оди на операција за фрактурите на својата нога, потврдија од турскиот шампион.

34-годишниот Муслера добил двојна фркатура на тибијата и фибулата при судирот со напаѓачот на Ризеспор, Милан Шкода во првото полувреме од неделниот натпревар, кој Галата го загуби со 2:0. Уругваецот итно беше пренесен во болницата, каде што денеска му биле направени подготовките за утрешната компликувана операција.

Лутите ривали на Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче и Ризеспор му порачаа брзо оздравување на голманот.

Муслера е во Галатасарај од 2011 година и стана миленик на навивачите со 361 настап за клубот и пет освоени титули (2012, 2013, 2015, 2018, 2019).

Страшна повреда на голманот на Галата, Муслера (видео)

Scroll to Top