Top Sport

Хауард: Нема кошарка без правда за Афроамериканците

Лос Анџелес лејкерс ќе бидат меѓу фаворитите за освојување на НБА титулата по рестартот на шампионатот следниот месец, но најверојатно тоа ќе треба да го остварат без центарот Двајт Хауард, кој вели дека сега не е време за кошарка.

По смртта на Џорџ Флојд и протестите кои следуваа во САД и Европа, Хауард смета дека не е време за кошарка додека не се решат неправдите додавајќи дека црната заедница мора да се стави себеси на прво место.

„Кошарката, или било која забава, не е потребна во моментот бидејќи ќе биде само пречка. Најмногу од сè би сакал да ја освојам својата прва НБА титула, но единството на мојот народ би бил поголем шампионат. Нема подобро време од сега да се фокусираме на нашите семејства. Тука треба да почне нашето единство. Европската колонизација ни ја одзеде богатата култура и треба да размислиме за некои работи. Со помалку пречки ќе се осознаеме. Нациите доаѓаат од семејствата, а црните Афроамериканци уште не се нација. Време е да станеме Нација. Нема кошарка додека не се решат работите“, вели Хауард.

Scroll to Top