Top Sport

Муслин за евентуалниот отказ: Секој може да го каже своето мислење

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Славољуб Муслин, рекол дека нема да ги коментира шпекулациите дека се наоѓа пред отказ, иако успеа да избори директен пласман на Светското првенство во Русија.

Српските медиуми изминатите денови шпекулираа со иднината на Муслин, а како негов наследник го апострофираа Драган Стојковиќ Пикси, како човек кој ќе ја води репрезентацијата на Мундијалот во 2018 година.

„Нема потреба да коментирам такви шпекулации. Секој може да го каже своето мислење. Немам одговор на тоа прашање. Се и сешто се зборува, а јас немам намера да влегувам во подлабоки разговори“, изјавил Муслин за весникот „Спортски журнал“.

Критичарите на Муслин најмногу забелешки имаат што не го повикува играчот на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ во националниот тим, иако овој млад фудбалер блеска во Серија А.

На темата околу евентуалната смена на селекторот претходно разговараше и првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, кој рекол дека нема новинарите да бидат тие кои ќе го поставуваат и менуваат селектор на репрезентацијата.

Scroll to Top