Top Sport

Реал тргнува по ѕвездата на Сосиедад, Одриозола

Реал Мадрид размислуваат за ангажирање на младиот десен бек на Реал Сосиедад, Алваро Одриозола, но трансферот на 21-годишниот Шпанец ќе зависи од проценката на тренерот Зинедин Зидан на младиот играч на Реал, Ашраф Хакини.

Одриозола имаше одличен старт на сезоната со Сосиедад, кој за жал ја вклучуваше 0:6 победата над Вардар во Скопје, но тимот од Сан Себастијан има поставено откупна клаузула од над 38 милиони евра.

По продажбата на Данило на Манчестер сити во текот на летото, Зидан го промовираше Хакини во првиот тим, и 18-годишниот Мароканец првиот целосен меч го одигра против Тотенхем во Лигата на шампионите. Доколку тој ги задоволува потребите на Зидан, „Марка“ тврди дека нема да се „тргне“ по Одриозола.

Scroll to Top