Top Sport

Муслиу суспендиран, но ќе игра против Косово

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Игор Ангеловски ќе може да смета на Висар Муслиу за бараж-натпреварот против Косово. Муслиу пред две недели доби црвен картон на натпреварот против Грузија во Лигата на нации.

УЕФА ја определи казната за дефанзивецот на Фехервар. Муслиу е суспендиран на два натпревари, а казната ќе ја одработи во Лигата на нации против Естонија и Грузија.

Македонија ќе го пречека Косово на 8 октомври, доколку победи за настап на Европското првенство ќе игра против Белорусија или Грузија.

Scroll to Top