Top Sport

Суарез замина од Барселона со солзи во очите

Луис Суарез дефинитивно заминува од Барселона. Тој наскоро треба да го потпише договорот со Атлетико Мадрид. Уругваецот кој наскоро ќе наполни 34 години договорил две годишна соработка со „јорганџиите“.

Фото-репортерите денес го снимиле Уругваецот како го напушта тренинг центарот на Барселона. Очигледно дека заминувањето од каталонскиот гигант не го поднесе добро, на снимката се забележува како ги брише солзите.

Роналд Куман првиот ден по доаѓањето во Барселона му соопштил на Суарез дека не му се потребни неговите услуги.

Луис Суарез за Барселона постигна 198 голови, тој е петтиот најдобар стрелец во клупската историја.

 

Scroll to Top