По интернационалната пауза, утре на програмата е 15. коло во Првата македонска фудбалска лига, и Вардар ќе се обиде да се врати на победите по лошиот период во кој помина тимот на Чедомир Јаневски.
Висар Муслиу, кој во понеделникот го прослави својот 23. роденден, пред гостувањето во Тетово кај неговиот поранешен тим, вели дека нема да биде лесно да се стигне до трите поени.
„Нè очекува тежок натпревар. Сите екипи имаат тешка задача во Тетово против Ренова. Знаеме дека секој тим дава максимум за да му земе некој бод на Вардар. Ние треба да одиграме максимално дисциплинирано за да дојдеме до победата во Тетово. Јас бев во Ренова, но сум професионален фудбалер и сега мислите ми се само кон Вардар и кон тоа како да оствариме триумф на утрешната средба. Верувам дека секој кој ќе излезе на терен ќе даде се од себе за да дојдеме до трите бодови кои ни се потребни во борбата за првата позиција на табелата“, вели дефанзивецот на Вардар.
Фото: ФК Вардар