Top Sport

Мустафи се плашел од Михајловиќ

Повремениот германски репрезентативец Шкодран Мустафи се присетил на периодот кога настапувал во Серија А, во Сампдорија кај тренерот Синиша Михајловиќ.

Мустафи признал дека не му било пријатно кога дознал дека на местото на Дели Роси, во Сампдорија доаѓа Михајловиќ. Мустафи е роден во Германија, но неговите родители се од Гостивар.

„Бев исплашен. Јас сум Албанец, а тој Србин“, рекол Мустафи, а потоа открил дека Михајловиќ подоцна имал големо влијание врз неговата кариера.

„Направи да се чувствувам сигурно во играта. Кај него созреав како играч. Од сите тренери што ги имав тој ми дојде во вистински момент. Секогаш отворено разговара, особено ги истакнува лошите работи. Додека играв кај него го заслужив повикот во германската репрезентација“.

Како играч на Сампдорија, Мустафи со репрезентацијата на Германија ја освои титулата на СП во Бразил. Од Италија потоа тој се пресели во Валенсија, а од пред две години е играч на Арсенал.

Scroll to Top