Top Sport

Ротич кај мажите, а Мутони кај жените победници на Охридскиот маратон

Кенијците, Марк Кипчумба Ротич во машка и Сузан Мутони во женска конкуренција триумфирааа на 32. издание на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид. Делницата од 30-километри најдобриот во машка конкуренција ја мина за 1:42.44 часа, додека најдобра атлетичарка имаше време 2:,08.19 часа.

– Динамичната патека беше одличен за тест за издржливост, а убава бидејќи се трча покрај Охридското езеро. Сакам да му се заблагодарам на организаторот за поканата и добриот прие“, изјавил Ротич.

Второто место во машка конкуренција му припадна на Словакот Габриел Свајда (1.49.44), а трет финишираше Илир Рудани од Косово (1.51.10). Кај атлетичарките Адријана Поп Арсова од Македонија заврши на втората позиција со време (2.09.13), а трето пласирана беше Сања Најдовски (2.35.35).

Втора година по ред во склоп на Меѓународниот маратон се одржа трка на Независноста долга 5 километри. Прв низ целта во машка конкуренција мина Григоријан Никовски со време од 18 минути и 1 секунда, а во женска Ања Еклер со време 21 минута и 16 секунди.

фото: ohridnews.com

Scroll to Top