Top Sport

Мутињо го замолкна „Олд Трафорд“, сигурни победи на Сити и Ливерпул (Видео)

Ливерпул го задржа максималниот ефект во Премиер лигата и по шестото коло, во кое Манчестер сити запиша убедлива победа во Кардиф, а Манчестер јунајтед доживеа ново разочарување.

Ливерпул, според очекувањата, запиша лесна победа над Саутемптон 3:0. „Црвените“ работата ја завршија во првиот дел кога ги постигнаа головите. Хедт во 10.минута постигна авто-гол, Матип зголеми на 2:0 во 21.минута, а конечниот резултат го постави Салах во третата минута од судиското надополнување на времето.

Манчестер сити го декласира Кардиф со 5:0. Серијата на голови ја отвори Агуеро, потоа погодија Бернардо Силва и Гундоган, а точка на мечот стави Марез со два гола.

Вулверхемптон им го расипа расположението на сите на „Олд Трафорд“, откако стави крај на мини серијата од три победи во која беа играчите на Жозе Мурињо.

Работите добро тргнаа за „црвените ѓаволи“, бидејќи Фред погоди за 1:0 во 18.минута. Ова беше деби гол за Бразилецот во Премиер лигата.

Вулвс израмнија во 53.минута преку ветеранот Жоао Мутињо.

На другите натпревари: Лестер со пресврт го совлада Хадерсфил со 3:1, Фулам и Вотфорд одиграа без победник 1:1, а Барнли го декласира Борнмут со 4:0.

Scroll to Top