Н’Голо Канте вели дека амбициите на новиот газда на Челси, Тод Бели се огромни и дека има „возбудлив проект“ на „Стемфорд Бриџ“ и покрај пеколната сезона за „сините“.
Договорот на 32-годишниот Французин со Челси завршува на крајот на сезоната, и во најава дека ќе остане дел од тимот, Канте не се разочарува од сезоната.
„Секако, сакам да бидам дел од иднината на овој клуб. Се има возбудлив проект за клубот, иако оваа сезона беше под стандардите на Челси. Сите сакаат да се вратат на успехот и на освојувањето на титули. Се надевам дека одиме во вистински правец. Ќе видиме каде ќе бидам, но сигурен сум дека ќе има позитивна промена во клубот“, вели Канте.