Top Sport

(Видео) Петродоларите сменија сè – пред 15 години Мидлзборо го „здроби“ Сити со 8:1

Манчестер сити е на чекор од нова титула во Премиерлигата, во полуфиналето на Лигата на шампиони и во финалето на ФА купот, во уште една успешна сезона на тимот на Пеп Гвардиола потпомогнат со петродоларите на арапските газди.

Пред само 15 години, ситуацијата беше поинаква. Сити, предводен од Свен-Горан Ериксен и на деветтото место на табелата во Премиерлигата гостуваше кај Мидлзборо, кои беа 13-ти и загубија со 8:1 во последното коло од шампионатот.

На клупата на Боро беше идниот англиски селектор, Герет Саутгејт, и тие го искористија фактот што Сити ја имаа најлошата одбрана во лигата со 53 примени голови.

Осум од тие гола паднаа тоа попладне – Ричард Дан доби црвен картон, Алфонсо Алвес постигна хет-трик, а најубав беше голот на Фабио Рошембак.

Scroll to Top