Роман Абрамович можеби нема да се врати во Русија бидејќи се соочува со многу реални изгледи за затворска казна, тврдат медиумите на Островот. Рускиот олигарх почна да ја продава својата сопственост во Велика Британија откако Русија започна инвазија над Украина на 24 февруари. Тој е поврзан како близок пријател на Владимир Путин и не е добредојден во Англија.
Кон средината на минатата недела, Абрамович преку својот портпарол објави дека ја прифатил улогата на посредник меѓу двете земји во обид да се најде мирно решение, а потоа излезе со официјален став дека ќе го продаде Челси, користејќи го зборот – војна.
Ова е спротивно на официјалниот став на Москва, која продолжува инвазијата на украинската територија да ја нарекува „специјална воена операција“. Според новиот закон донесен неодамна, ова се доживува како лажна вест и Роман Абрамович се соочува со можна затворска казна.
Според новиот закон, ширењето на таквите „лажни“ информации може да донесе од 3 до 15 години затвор.